Од моментот на смртта на папата Франциск, вниманието на верниците, аналитичарите и јавноста е насочено кон четворицата кардинали кои најчесто се споменуваат во онлајн медиумите и на социјалните мрежи како главни кандидати за наследник на челото на Римокатоличката црква. Тоа се Пјетро Пароли, Луис Антонио Тагле, Питер Турксон и Матео Зупи – кардинали кои водат во дигиталната трка за тронот на Светата столица.