Европските авиопревозници се соочуваат со сериозна криза поради драстичното поскапување на млазното гориво. Според податоците на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA), цената на горивото во Европа скокна за неверојатни 105,7% во однос на минатата година, што ги принуди компаниите како Lufthansa, Turkish Airlines и KLM на радикални кратења.