Гостин во втората епизода на New Biz Podcast беше Александар Савевски, претприемач, инженер и креатор на алгоритмот Mila AI. Савевски го создал овој револуционерен проект поттикнат од својата лична мисија – да ѝ помогне на својата ќерка Мила, која има аутизам.
„Покажавме и докажавме дека компјутерите можат да имаат емоции,“ вели Савевски. „Што значи тоа од технолошки аспект? Тоа значи дека ги најдовме сигналите. Успеавме да синтетизираме компјутерска програма кај што добиваме сигнали кои што наликуваат, односно можеме да ги опишеме како емоции. Не станува збор за некои напредни емоции, како љубов, туку основни емоции како страв, внимание, фокус, што се доста важни“, истакна Савевски.
Фокусот на оваа епизода од New Biz Podcast беше иновативната технологија која овозможува машините да чувствуваат и самостојно да учат. Оваа технологија има широка примена, отвора нови хоризонти, но и бројни етички прашања во однос на ризиците од нејзина злоупотреба. Се спомена и проектот Q-Star на OpenAI , за кој малку се зборува.
Во разговорот, Савевски истакна дека основањето на компанијата Si-mAind било неопходен чекор за да ја претстави оваа технологија на пазарот и да се развие како бизнис со глобален потенцијал. Si-mAind има потенцијал стане првиот македонски unicorn.
Како Александар го претставил македонскиот стартап пред американските инвеститори и на каков фидбек наидувал погледнете во епизодата на YouTube:
New Biz Podcast е проект во копродукција на webmind.mk и pari.com.mk поддржан од Sustain Media програмата на ГИЗ и има за цел да ги отвори темите поврзани со новите технологии како вештачката интелигенција, блокчејн, крипто, децентрализиран web 3.0, IoT и нивното влијание врз бизнисот.