Основачот на TikTok стана најбогатиот човек во Кина

Растечката глобална популарност на TikTok го направи ко-основачот на неговата матична компанија, ByteDance, најбогатата личност во Кина.

osnovachot-2395-fi

Извор: Chinatopix Via AP

Според листата составена од Истражувачкиот институт Hurun, Жанг Јиминг сега вреди 49,3 милијарди долари (38 милијарди фунти), што претставува пораст за 43%, во однос на 2023 година.

Јиминг во 2021 година се повлече од лидерската позиција во компанијата, но се верува дека сè уште поседува околу 20% од компанијата.

TikTok стана една од најпопуларните апликации за социјални мрежи на глобално ниво, и покрај загриженоста во некои земји за неговите врски со кинеската држава.

Богатство и профит

Иако и двете компании тврдат дека се независни од кинеската влада, САД планираат да го забранат TikTok во јануари 2025 година, освен ако ByteDance не ја продаде апликацијата.  

И покрај силниот притисок во САД, глобалниот профит на ByteDance минатата година порасна за 60%, со што се зголеми богатството на Жанг Јиминг, пишува BBC.

osnovachot-2395-ps1

Извор: Unsplash

„Жанг Јиминг е 18-тиот број еден што го имаме во Кина за само 26 години. За споредба, САД имаат само четири број еден: Бил Гејтс, Ворен Бафет, Џеф Безос и Илон Маск, што е показател за динамиката во кинеската економија,“ изјави шефот на Hurun, Руперт Хугеверф.

Останати богаташи од Кина

Жанг не е единствениот претставник на огромниот кинески технолошки сектор кој се наоѓа на листата. Пони Ма, шефот на технолошкиот конгломерат Tencent, е трет на листата со проценето лично богатство од 44,4 милијарди фунти.

Но, нивното богатство не се објаснува само со успехот на нивните компании. Конкурентите заработиле помалку во годината во која кинеската економија стагнирала.

osnovachot-2395-ps2

Извор: Unsplash

Всушност, само околу 30% од луѓето на листата забележале пораст на нивната нето вредност, додека останатите забележале намалување.

„Листата на богаташите во Кина се намалува трета година по ред, без преседан, бидејќи кинеската економија и берзите имаа тешка година. Бројот на луѓе на листата се намали за 12% во изминатата година, на нешто помалку од 1 100 индивидуи, а за 25% во споредба со 2021 година,“ изјави Хугеверф.

Производители на паметни телефони, соларни панели, електрични возила

Тој додаде дека податоците покажуваат дека оваа година била успешна за производителите на паметни телефони, како Xiaomi, додека пазарот на зелена енергија се соочил со предизвици.

„Производителите на соларни панели, литиумски батерии и електрични возила имаа тешка година, поради засилената конкуренција што доведе до презаситеност на пазарот, а заканата од тарифи дополнително ја зголеми неизвесностa. На производителите на соларни панели им се намали богатство за дури 80% во споредба со 2021 година, додека производителите на батерии и електрични возила забележаа пад од половина, односно четвртина,“ додаде Хугеверф.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.