Кафе и диџеј во пекара е новото ноќно излегување?
Сабота, 2 попладне. Наместо во клуб со флаши на маса и дим од цигари, Gen Z е во пекара во Амстердам, пие моктел од нане и ѓумбир, додека диџеј создава вистинска рејв атмосфера. Новата дневна журки, без алкохол се чини како неделна утринска јога во комбинација со кавер на ABBA – ама функционира. Светот влегува во ера каде новите генерации се дружат трезно.
Помалку пијат, повеќе мислат
Истражувањата потврдуваат: Gen Z пие до 20% помалку од Миленијалците. А од 2001 до 2023, бројот на млади Американци кои пијат алкохол опаднал од 72% на 62%. Зошто?
- Здравјето пред пијанките: Свесноста за физичкото и менталното здравје кај младите е повисока од кога било.
- Ментална благосостојба: Gen Z сериозно ја сфаќа анксиозноста, депресијата и потребата за психолошка стабилност.
- Велнес култура: Фитнес, mindful медитација и нутриционистички трендови се нивна секојдневна реалност.
- Сакаат да ја контролираат приказната за себе: Не сакаат постови со компромитирачки фотографии или мамурлук што ќе ги држи до понеделник.
Не сакаат да се „изгубат“, сакаат да се „изградат“.
Трезни и гласни
Ако мислевме дека алкохолот е клучот за социјализација, Gen Z има друг рецепт. Веќе се отвораат т.н. „Собер“ барови, Kin Euphorics нуди пијалаци со адаптогени (да, тоа што го пие Бела Хадид), а моктелите стануваат симбол на културата на избор. Дури и Heineken се приклучи со кампањата „Now You Can“ – пиј, вози, работи, уживај, без да се напиеш.
Аларм за будење на алкохолните брендови
Оваа промена не е модна епизода. Таа е културолошки shift кој треба да ги натера брендовите да го сменат фокусот:
- Од хедонизам кон свесна консумација: Наместо „журка до зори“, наративот се менува во „уживај со мера“.
- Од наметнување кон избор: Потрошувачите сакаат да чувствуваат дека сами избираат, не дека нешто им се турка на сила.
- Од „пиј за да се забавуваш“ до „се забавуваш и без тоа“: Се промовира нова идеја на забава – онаа која не зависи од алкохол.
Пример? Athletic Brewing креира безалкохолни пива за активни луѓе. Кој би рекол дека ќе се оди на трчање со IPA, а?
Како да го препакуваш брендот во нова трезна реалност
- Искуство, а не производ. Наместо да продаваат алкохол, брендовите треба да продаваат атмосфера, момент, емоција. Присуството на брендот во социјален контекст е поважно од процентот алкохол во шишето.
- Соработки со sober influencers. Генерацијата верува во автентичност. Соработките со инфлуенсери кои промовираат трезен или умерен начин на живот помагаат да се изгради доверба.
- Инклузивни пораки. Комуникацијата мора да биде welcoming за сите – и за оние кои не пијат. Ова создава чувство на припаѓање и проширување на целната публика.
- Функционални пијалоци. Сѐ повеќе пијалаци содржат витамини, билки и природни состојки. Тие се позиционираат како дел од здравиот животен стил, не само како замена за алкохол.
Заклучок за трезните и оние кои размислуваат трезно
Ова не е повик да се откажете од алкохол. Ова е повик да се откажете од застарениот маркетинг. Gen Z не ви вели „нема да пијам“, туку „паметно ќе бирам“. А ако вашиот бренд не е паметен избор, ќе останете на полица.
Време е за реинвенција. Или како што би рекле во Gen Z сленг: adapt or get left on read.