Во неговиот одговор на прашањето дали хаштаговите навистина помагаат за повеќе прегледи и интеракции, Мосери јасно посочи дека тие помагаат да разбереме за што е објавата, но генерално не се фактор за зголемена дистрибуција.“
Оваа изјава јасно става до знаење дека хаштаговите служат повеќе за категоризација на содржината, отколку како средство за манипулирање со алгоритмот. Тие му помагаат на Instagram полесно да ја разбере темата на објавата, но не гарантираат дека истата ќе стигне до поширока публика.
Каква е улогата на хаштаговите денес?
Хаштаговите и понатаму имаат функција – но таа е повеќе организирачка, отколку промотивна. Тие и овозможуваат на платформата подобро да го класифицира типот на содржина, но не ја гарантираат нејзината визибилност на Explore или Reels страниците.
Она што алгоритмот го вреднува многу повеќе се реалните сигнали од корисниците: времето на гледање, реакциите, споделувањата и коментарите. Содржината што буди интерес, емоција или поттикнува интеракција, секогаш има поголема шанса да стигне до поширока публика.
Стратегијата се менува
Современата Instagram стратегија се темели помалку на хаштагови, а многу повеќе на креативност, автентичност и доследност.
Содржината која изгледа човечки, раскажува приказна или носи вистинска вредност, има далеку поголем потенцијал за органски раст.
Наместо да се потпираме само на хаштагови, експертите препорачуваат да се фокусираме на: квалитетна и оригинална содржина, автентична комуникација со заедницата, континуирано објавување и употреба на интерактивни елементи како прашања, анкети и Reels што повикуваат на акција
Иако не носат магичен досег, тоа не значи дека треба целосно да се исфрлат. Стратегиското користење на релевантни и специфични хаштагови може да ви помогне да се позиционирате во одредени ниши и да привлечете публика што навистина е заинтересирана за вашата содржина.
Вистинската моќ е во содржината што вреди да се запомни, и да се сподели!
Извор: WebMind редакција