Тројно зголемена кражбата на банкарски податоци од телефони

Според извештајот „Малвер закани на мобилните телефони во 2024 година“, кој компанијата Kaspersky го објави на MWC во Барселона, бројот на напади со банкарски тројанци на паметните телефони пораснал за 196% во 2024 година во споредба со претходната година.

krazba-3147-fi

Извор: web-mind.rs

Сајбер-криминалците ја менуваат тактиката, потпирајќи се на масовна дистрибуција на малвери за кражба на банкарски податоци. Во текот на изминатата година, компанијата Kaspersky открила повеќе од 33,3 милиони напади насочени кон корисниците на паметни телефони ширум светот. Овие напади вклучуваат различни видови малвер и несакани апликации.

Бројот на напади со банкарски тројанци се зголеми на 1,2 милиони

Бројот на напади со банкарски тројанци на Android уредите пораснал од 420.000 во 2023 година на 1.242.000 во 2024 година. Овие тројанци се дизајнирани за кражба на кориснички податоци потребни за пристап до интернет-банкарство, услуги за е-плаќање и системи за кредитни картички.

Сајбер-криминалците често ги наведуваат жртвите да преземат тројанци преку линкови испратени преку СМС пораки, апликации за размена на пораки, малициозни прилози во е-пораки или пренасочување кон малициозни веб-страници. Напаѓачите дури испраќаат пораки од хакирани сметки, што ја прави измамата поверодостојна. За да ги измамат корисниците, тие често користат актуелни вести и популарни теми за да создадат чувство на итност и да го намалат нивото на претпазливост, соопшти Kaspersky.

Измамниците сè помалку вложуваат напор во креирање единствени малвер пакети, а наместо тоа се фокусираат на масовна дистрибуција на истите фајлови до што поголем број жртви. Денес е поважно од кога било да бидеме дигитално писмени и да ги едуцираме нашите блиски, од деца до постари лица, бидејќи никој не е целосно заштитен од добро осмислени измами и психолошки трикови наменети за кражба на банкарски податоци“, вели Антон Кива, експерт за безбедност во Kaspersky.

Иако банкарските тројанци се најбрзо растечкиот тип на малвер, тие сепак се на четвртото место според вкупниот број на напади, со удел од 6%. Најзастапена категорија е адвер-от, кој сочинува 57% од нападите, а потоа следуваат генеричките тројанци (25%) и RiskTools (12%).

Во 2024 година, хакерите во просек извршувале 2,8 милиони напади со малвер, адвер и непосакуван софтвер месечно, а Kaspersky успеале да блокираат вкупно 33,3 милиони напади на мобилни уреди.

Најактивната закана во 2024 година беше Fakemoney, група на лажни апликации за креирање лажни инвестиции и исплати. Втората најголема закана беа модифицираните верзии на WhatsApp, кои го содржат тројанецот Triada – малвер способен да презема и извршува дополнителни малициозни или адвер модули, како што се прикажување несакани реклами или спроведување други штетни активности. Овие неофицијални модифицирани верзии на WhatsApp беа на трето место по активност, веднаш зад генеричките закани во клауд.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.