Совети за безбедно споделување фотографии

Објавувањето фотографии е драгоцен начин да се поврзете со другите, а нивното споделување помага во одржувањето врски со семејството и пријателите. Меѓутоа, неопходно е да се постигне рамнотежа помеѓу одржувањето контакт и прекумерното споделување.

bezbedno-spodeluvanje-fotografii-1969-fi

Извор: Pexels

По повод Светскиот ден на фотографијата, експертите на компанијата Kaspersky подготвија клучни совети за тоа што треба да се земе предвид пред  да се објават фотографии за да се обезбеди заштита на приватноста и безбедноста.

Со сѐ поголемата популарност на социјалните медиуми и платформите за споделување фотографии, сега е полесно од кога било да се превидат потенцијалните ризици поврзани со прекумерното откривање лични податоци. Непромисленото објавување фотографии може да има несакани последици како што се кражба на идентитет, привлекување несакано внимание или доксинг, т.е. собирање лични податоци заради стекнување корист. За среќа, таквите ризици можеме значително да ги намалиме со тоа што ќе се осигуриме дека чувствителните информации ќе се отстранат од фотографиите пред нивното споделување.

Експертите на Kaspersky предлагаат што фотографиите кои ги објавуваме не треба да откријат:

Податоци за локацијата

За да ја подобрите личната безбедност, би било паметно да избегнувате споделување фотографии кои можат да откријат локации кои често ги посетувате, особено вашиот дом. Слики кои содржат препознатливи ориентири, улични знаци или географски ознаки можат потенцијално точно да одредат каде се наоѓа личноста. Дури и суптилни детали во позадината може ненамерно да ја откријат локацијата. За да ги намалите ризиците, најдобро е ваквите фотографии да ги споделувате само со пријателите и семејството и да се одлучите за слики без препознатливи карактеристики кога ги објавувате за поширoката јавност.

Објави во реално време

Споделувањето на информации актуелни во реално време, како што е моменталната локација, колку долго ќе останете на некое место или како изгледате, може да привлече непосакувано внимание. Побезбедно е да ги ограничите овие објави на кругот пријатели. За пошироката публика, можеби најдобро ќе биде прво да ги реализирате плановите, со што ќе ја осигурите личната безбедност и ќе ги споделите вашите искуства. Приватноста може дополнително да се зајакне со примена на сеопфатно безбедносно решение кое управува со собирањето чувствителни податоци како што е локацијата од страна на апликациите.

bezbedno-spodeluvanje-fotografii-1969-ps1

Извор: Freepik

Документи

Пред да објавите фотографии, важно е да ги прегледате и да се осигурите дека на нив не се видливи документи како лични карти, домашни адреси, медицински картони, рецепти, банкарски извештаи или сметки за комунални услуги. Дури и кога споделувате фотографии од примена пошта, пакети или признаници, клучно е да се осигурите дека чувствителните податоци не се видливи. Ваквите детали треба строго да се чуваат, дури и само со блиските пријатели, бидејќи тие можат да бидат злоупотребени ако профилот е компромитиран.

Планови за патување

Кога сте на одмор, побезбедно е да ги споделувате новостите и фотографиите само со блиска група пријатели. Отсуството од работа и фокусирањето на релаксација може да создаде можности за целни напади, на пример, некој може лажно да се претстави во ваше име на работа за да го искористи вашето отсуство. Брзото реагирање може да биде невозможно додека сте на одмор, така што најдобро е плановите за патување да ги чувате во приватност до враќањето дома. Потоа, искуствата може да се споделат со пошироката јавност без загрозување на безбедноста.

„Споделувањето на посебни моменти е прекрасен начин да се поврзете со другите, но клучно е мудро да ги користите поставките за приватност. Бидејќи многу платформи сега овозможуваат контрола врз тоа кој може да ги види вашите објави, оваа функција треба внимателно да се користи, особено кога споделувате чувствителна содржина. Со брза безбедносна проверка може е да уживате во предностите на споделувањето содржина, додека ја чувате безбедноста на личните податоци,“ вели Ана Ларкина, експерт за анализа на веб содржина во компанијата Kaspersky.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.