Оваа година, како што пренесува агенцијата AP, предизвикот е наменет за млади од 11 до 18 години, а целта е да работат во тимови користејќи латерално размислување, креативност и упорност за да ги решат седумте сложени задачи кои ги осмислиле експертите за загатки од самата агенција.
Божиќната честитка, која директорот на GCHQ ја испраќа до колегите од секторот за национална безбедност ширум светот, e традиција од 2015 година. Покрај тоа што е достапна за преземање на официјалната веб-страница на агенцијата, таа е популарна и меѓу наставниците – повеќе од една третина од британските средни училишта ја користат како едукативна алатка.
Зад оваа празнична забава се крие и сериозна цел. Директорката на GCHQ, Ен Кист-Батлер, се надева дека предизвикот ќе ги инспирира младите да се заинтересираат за STEM – наука, технологија, инженерство и математика – и да размислат за кариера во сајбер безбедноста и разузнавачките служби.
Исто така, предизвикот има за цел да ги разбие митовите за разузнавачката работа создадени од популарните филмови за шпиони, како Џејмс Бонд. „Главниот креатор на загатките“ во GCHQ, познат само како Колин поради природата на неговата работа, нагласува дека решавањето на овие задачи бара тимска работа, а не генијален поединец.
Извор: Web-mind.rs