Ова го предвидува нацрт-законот на Германија во рамките на правосудната реформа за компјутерска безбедност.
Министерството за правда веќе го испрати нацртот до германските покраини и соодветните здруженија на разгледување.
За разлика од амнестијата за добронамерните хакери, нацртот предвидува построги казни за злонамерните, оние кои ја пробиваат дигиталната заштита за кражба на податоци и пари.
Како пример за особено сериозен прекршок, министерството го наведе професионалното хакирање за нелегална добивка, приклучувањето кон криминална група и нанесувањето на голема штета.
Нацртот обрнува внимание и на прекршителите, вклучувајќи ги и оние од странство, кои компјутерски ја загрозуваат функционалноста на виталната инфраструктура или безбедноста на Германија.
За овие дела е предвидена казна затвор од три месеци до три години, наместо досегашната рамка која започнува со условна казна, а завршува со најмногу две години за кражба на податоци.
Кои се добронамерните хакери?
Добронамерните хакери, кои пробиваат некоја заштита со цел да ја подобрат, ќе треба да исполнат три услови.
Првиот услов е да ја пробијат заштитата со цел да откријат слабост во безбедноста на податоците. Вториот услов е за тоа да ги известат надлежните за заштита на конкретниот систем, а третиот е дека тоа бил единствениот начин да се открие слабоста.
„Секој што ќе придонесе за затворање на пропустите во ѕидот на безбедноста заслужува признание, а не покана од судот“, изјави министерот за правда, Марко Бушман.
Извор: Bizlife.rs