Мудростите од кујната на баба: Безвременски лекции за готвење што уште ги паметиме

Ако ги затворите очите и помислите на „вкусот на детството“, веројатно ќе ве пречека сликата на кујната на вашата баба. Кариран чаршаф на масата, емајлирани тенџериња што вријат тивко на шпоретот и мирис кој веднаш ви кажува дека сè ќе биде во ред.

baba-5042-fi

Извор: Webmind редакција

Бабите беа првите „инфлуенсери“ за храна, иако немаа Инстаграм. Тие не читале рецепти од интернет, немале тајмери ниту модерни апарати. Но знаеле нешто што денес повторно го откриваме: добрата храна не се прави набрзина, туку со внимание, чувство и неколку златни правила што не стареатОва се лекциите што ги научивме од нив, а кои и денес важат во секоја модерна кујна.

1. „Прво мирисај, па пробај“

Бабите ретко дегустирале со лажица на секои пет минути. Прво мирисале.
Знаеле дека вкусот почнува од мирисот, а добрата чорба или манџа „се слуша“ уште пред да се проба. Затоа супите секогаш се вареле тивко, без брзање. А кога требало вкусот да се заокружи, се додавало малку зачин или бујон не за да се маскира храната, туку за да се истакне она што веќе врие во тенџерето.

Денес, таа лекција ја применуваме со Maggi бујон коцките. Без разлика дали правите рижото, варите тестенини или подготвувате домашна супа, една коцка бујон е модерниот начин да го постигнете оној длабок, „бабински“ вкус на јадењето за само неколку минути. Тоа е темелот врз кој се гради целиот ручек.

2. „Од око“ е најдобрата мерка, но вистинскиот зачин е клучен

 Дали некогаш сте ја прашале баба ви за рецепт, а таа ви рекла: „Па, ќе ставиш брашно колку што бара, и зачин по желба“? Тоа фамозно „по желба“ беше уметност. Сепак, бабите знаеа дека дури и на најубавиот зеленчук или месо му треба малку помош за да блесне. Тука на сцена стапува оној познат мирис на Maggi зачинот. Тоа беше, и сè уште е, универзалниот јазик на вкусот во кујната. Лекцијата е едноставна: пред да го ставите компирот во рерна или пред да го испржите месото, посипете го со малку магија. Овој зачин не го покрива вкусот на храната, туку го буди. Тоа е разликата помеѓу „варен зеленчук“ и „зеленчук од кој бараш уште една порција“.

3. „Едно тенџере – повеќе оброци“

Старите кујни не познаваа фрлање храна. Остатоците од печеното пиле стануваа највкусен пилав следниот ден. Тајната на оваа трансформација беше во додавањето вкус. Малку вода, грст ориз и задолжително збогатување на вкусот со бујон или зачин, и ете  ново јадење од ништо. Денес, кога сите бараме „meal prep“ и планирање, сфаќаме дека бабите одамна го измислиле. Оваа лекција за одржливост денес е помодерна од кога било.

4. Трпението е состојка

И конечно, најважната лекција: храната не сака брзање. Дури и кога користиме мали трикови за да заштедиме време, како Maggi производите, љубовта со која го мешаме јадењето е незаменлива.

Кујната на баба не беше совршена, но беше топла. Денес, со малку помош од традицијата спакувана во жолто-црвените пакувања што ги знаеме со децении, можеме да го вратиме тој мирис во нашите домови. Затоа што модата се менува, но желбата за топол, вкусен, домашен оброк – никогаш.

5. „Готвењето е грижа, не обврска“

Можеби најважната лекција од бабината кујна не е техничка, туку животна.
Готвењето било начин да се покаже грижа.

„Јади, да не си гладен.“
„Земи уште малку.“
„Ова го направив за тебе.“

И денес, без разлика дали готвиме сложен ручек или брза супа по напорен ден, суштината е иста. Храната е порака.

Зошто овие лекции сè уште живеат?

Затоа што во свет што постојано брза, нè враќаат на основното.
На вкусот. На трпезата. На луѓето околу неа. Можеби денес готвиме со помош на малку повеќе практичност но, ако готвиме со истото внимание и љубов како нашите баби, резултатот е ист.

Домашен вкус.
Топлина.
И чувство дека некој мислел на нас.

А тоа, како и секоја вистинска мудрост од бабината кујна, никогаш не излегува од мода.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.