Како „земјини астронаути“, испитаниците треба да симулираат долго патување до друго небесно тело, во услови на бестежинска состојба, така што тие ќе лежат 60 дена во кревет на рамно без перница. Истражувачите сакаат да истражат кои методи можат да се користат за да се избегнат последиците од бестежинската состојба од кои астронаутите се плашат, како што се вртоглавица и нарушувања на координацијата.
Кој може да се пријави?
Можат да се пријават лица на возраст од 24 до 55 години, кои се високи од 1,53 до 1,90 м и имаат индекс на телесна маса (BMI) од 18 до 30.
Според она што пишува DLR, „земјините астронаути“ треба да симулираат долго патување до друга планета, лежејќи во кревет на рамно без перница 60 дена.
Истражувачите сакаат да истражат кои методи може да се користат за да се избегнат последиците од бестежинската состојба од кои се плашат астронаутите, како што се вртоглавица и губење на координацијата.
Според она што го пишува DLR, креветите на учесниците во истражувањето ќе бидат навалени за шест степени, така што главите ќе им бидат на пониско ниво од стапалата.
„Со овој наклон, течностите во телото се поместуваат на речиси ист начин како кај астронаутите во вселената“, рекол водителот на студијата Едвин Мулдер.
Последиците од таквото лежење се зголемување на притисокот во главата, физичката неактивност предизвикува ослабување на мускулите и коските, нарушено е чувството за рамнотежа и се менува начинот на функционирање на кардиоваскуларниот систем, пишува Fenix magazin.
DLR пишува дека ваквите истражувања во кревет се вообичаени од 1980-те години и досега обезбедиле важни сознанија за вселенските патувања. Во моментов фокусот на истражувањето е на долгорочните мисии на Марс.
„Учесниците во актуелната студија, која треба да започне во септември, ќе добијат надомест од 18.000 евра за 60 дена во кревет. Но тоа не се лесни пари“, истакнал водителот на студијата Мулдер.
Лежењето непрекинато два месеци е „вистински предизвик“.
Можат да се пријават лица од 24 до 55 години кои се високи од 1,53 до 1,90 м и имаат индекс на телесна маса (BMI) од 18 до 30. Ако сакате да бидете дел од студијата мора да бидете здрави, да не пушите и добро да зборувате германски. Би се пријавиле ли?