Германија ги отвора вратите за 250.000 работници од Кенија

Германија и Кенија потпишаа договор за контролирана миграција, според кој Берлин ќе ги отвори своите врати за квалификувани и полуквалификувани работници од Кенија.

germanija-aligator-2133-fi

Извор: Pixabay

Договорот го потпишаа германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Кенија Вилијам Руто. 

Не е објавен точниот број на работници кои ќе дојдат во Германија, но портпаролот на кабинетот на претседателот на Кенија претходно изјави дека постои можност за вработување на 250.000 Кенијци. 

Миграцијата е главен проблем во Германија, која прими повеќе од милион луѓе за време на мигрантската криза во 2015 и 2016 година, а неодамна прими и голем број бегалци од Украина. 

Споменатиот договор е потпишан во време кога владата на Шолц работи на спречување на нелегалната миграција, најавувајќи заострување на граничните контроли.   

Освен што ќе го спречи нелегалното преминување на границата, договорот ѝ  овозможува на Германија да го надомести недостатокот на работници и да ја поедностави репатријацијата на Кенијците кои нелегално влегле во Германија. 

Според податоците на Владата на Германија, во земјата моментално живеат околу 14.800 државјани на Кенија, од кои 800 треба да ја напуштат земјата, пренесува CNN.

Извор: BIZLife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.