Токен по токен – САД ја пишува дигиталната иднина

На 31 јули 2025 година, нешто исклучително се случи во Вашингтон. Подиумот, кој обично е резервиран за соопштенија за регулаторни санкции и корпоративни прекорувања, овојпат стана стартна позиција за една од најамбициозните визии во историјата на американската финансиска регулатива.

token-4219-fi

Извор: Unsplash

Претседателот на SEC, Пол Аткинс, се појави не за да ја предупреди индустријата, туку да ја покани да учествува.

Тој го претстави Проект Крипто – сеопфатна иницијатива чија цел е модернизирање на законите за хартии од вредност во согласност со времето и пазарот на блокчејн финансиите. „Многу од правилата на Комисијата потекнуваат од минатиот век и немаат смисла“, изјави Аткинс. „SEC мора да го ревидира својот регулаторен прирачник за да не дозволи регулаторните ровови да го спречат напредокот и конкуренцијата.“

За оние што ја следеа индустријата низ маглата на правната неизвесност, тоа изгледаше како момент на пишување нова страница во реално време.

Од спроведување кон реализација

Со години крипто-претприемачите, инвеститорите и иноваторите работеа под постојана закана, градејќи нови системи додека постојано се плашат од нејасни регулативи и произволни толкувања на закони стари 70 години.

Проект Крипто ја “менува” таа парадигма.

Наместо да се потпира на санкции како средство за одвраќање, SEC првпат се насочува кон проактивна, идно-ориентирана регулаторна архитектура која ја признава реалноста на он-чејн пазарите и хибридната природа на современите финансии.

-Ова не е само политика, ова е парадигмална промена;

-Петте столба што ќе ја преобликуваат американската крипто-регулација;

-Во срцето на проектот стојат пет клучни реформи:

Јасна класификација на средствата

Нема повеќе шпекулации околу тестот Хауи. SEC признава дека повеќето крипто-активи не се хартии од вредност и ќе работи со CFTC и Министерството за финансии за јасно разграничување меѓу хартии од вредност, стоки, стабилкоини и дигитални колекционерски средства.

Обединета “Супер-Ап” лиценца

Една лиценца за традиционални и дигитални финансиски операции. Ова ќе овозможи интегрирани платформи и брокерски куќи со целосно признаени права.

Токенизација на капиталните пазари

Формална поддршка за токенизација на акции, обврзници и други инструменти, со правила за он-чејн тргување, транспарентност и учество во DeFi протоколи.

Грејс-периоди за иновации

Стартaпи и DAO структури ќе добиваат привремени изземања за да можат да експериментираат без страв од прерана регулаторна интервенција.

Глобална координација

Во соработка со Белата куќа и CFTC ќе се развие заеднички модел на надзор, за да се избегне преклопување на мандати и фрикција.

Зошто токму сега!

Овој потег се надоврзува на други иницијативи: Законот GENIUS за стабилкоини, растечкиот интерес на Белата куќа за дигитални финансии и неодамнешните одобрувања на ETF и институционални производи.

Проект Крипто е завршното парче во сложувалката, јасна порака дека Америка повеќе не го блокира идниот развој, туку активно го гради.

За институциите, тоа е зелено светло: со нови лиценци, јасност во усогласувањето и сигурност околу класификацијата, очекувајте брз пораст на токенизирани ETF, дигитални обврзници и крипто-инвестициски производи.

За претприемачите, тоа е покана: од сега сте вклучени во економскиот план.

За САД, тоа е стратегиска ресорција: по години одлевање на таленти и капитал во странство, Вашингтон конечно ја отвора вратата.

Реакции од индустријата

Аналитичарите на Bernstein го нарекоа проектот „најсмела и најтрансформативна крипто-визија“.

Правната фирма Steptoe & Johnson додаде: „Аткинс сака SEC да биде инженерот, а не патникот, во иднината на он-чејн финансиите.“

Оваа промена во менталитетот, од дефанзивен регулатор до стратешки овозможувач ја разбуди дебатата на сите нивоа: од корпоративни одбори, преку политички тркалезни маси, до DeFi заедници.

Што следува: како да се позиционирате

Без разлика дали сте финтек основач, менаџер на крипто-фонд или градежник на ентерпрајз решенија, еве што треба да направите:

-Ревидирајте ја стратегијата: преиспитајте модели, токен-рамки и регулаторни планови, можеби ќе откриете нови можности.

-Вклучете се во процесот: сега е време да влијаете врз правилата по кои ќе работите.

-Истражете токенизација: од дигитални обврзници до токенизиран капитал, првите играчи ќе го дефинираат идниот пазар.

Што уште не е јасно?

Остануваат неодговорени многу големи прашања:

-Како ќе се третираат постоечките спорови под старата регулаторна филозофија?

-Ќе имаат ли меѓународните протоколи корист од реформите или американскиот пазар ќе остане изолиран?

-Ќе бидат ли дефинициите доволно цврсти за да издржат судска проверка?

-Но едно е сигурно: Проект Крипто e темелен.

Тој сигнализира дека САД конечно се подготвени да водат во дигиталните финансии, а не само да ги контролираат.

SEC ги отвори портите. Прашањето е: кој ќе биде подготвен да влезе?

Bn47hdGbaG4#drfaV04LkamH7HbXC Џозеф Замит е основач на Crypto CMO и искусен маркетер со над 25 години искуство, кој ги комбинира традиционалните финансиски структури со револуционерниот крипто-пејзаж.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.