Крипто
Откако минатата есен достигна историски рекорд од 126.000 долари, биткоинот падна на нешто повеќе од 60.000 долари. Со ова, од пазарот е збришана вредност од над 1,2 трилиони долари за само осум месеци.
Интернетот има посебен талент од траги да создаде виновник, а од виновник да направи објаснување за сè Така Џефри Епстин изминативе денови повторно се најде во насловите, овој пат во иста реченица со Биткоин и неговиот основач, Сатоши Накамото Механизмот е едноставен: се појавува документ, имејл…
Како што наведува порталот Cointelegraph, Vanilla Drainer функционира како „услуга на црниот пазар“ што им овозможува на криминалците релативно едноставно да започнат сопствени измами и празнење на дигитални паричници Со други зборови, не станува збор за поединец или група…
Повеќе
Како исчезнаа 5,5 милијарди долари за помалку од еден час
На пазарот на криптовалути повторно владее неизвесност, а сите погледи се насочени кон биткоинот, кој се наоѓа на клацкалка помеѓу нови рекордни височини и сериозен пад. Во игра се геополитичките тензии, нервозните инвеститори и техничките сигнали кои не ветуваат многу – освен ако не дојде до голем пресврт. Моменталната вредност на оваа криптовалута изнесува околу 77.000 долари.
Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот.
Експертите проценуваат дека Северна Кореја ги поседува третите најголеми резерви на биткоин во светот, веднаш по САД и Велика Британија, и велат дека ги стекнала преку хакерски напади и кражба, според платформата Binance, што претставува берза за тргување со криптовалути.
Замислете дека неодамна сте влегле во светот на криптовалутите, возбудени од потенцијалот, но брзо се соочувате со реалноста на ценовната нестабилност. Тргувањето изгледа ризично, а рударењето криптовалути — премногу сложено и скапо. Се прашувате дали постои побезбедна и поедноставна алтернатива — онаа што носи награди без постојано следење на пазарот или технички компликации.
Светски познатиот моден гигант Gucci направи револуционерен чекор во светот на луксузот, овозможувајќи плаќања со криптовалути во сите свои продавници ширум светот. Влегувањето на оваа престижна модна куќа во Web3 просторот ја нагласува растечката интеграција на дигиталната економија и модата, но и сигнализира иднина во која дигиталните валути ќе станат дел од секојдневието.