Акционерите на Microsoft го одбија предлогот компанијата да поседува биткоини во своите резерви, што го одразува скептицизмот на основачот Бил Гејтс, кој се противи на криптовалутите од повеќе причини (вклучувајќи ја и големата потрошувачка на електрична енергија).
Microsoft не им се придружи на некои компании кои дел од своите парични резерви ги претворија во биткоини.
MicroStrategy поседува дури 402.000 биткоини, а Tesla 11.500. Пред неколку дена, акционерите на Amazon го повикаа менаџментот да одвои пет проценти од своите средства за биткоини, што би значело купување на оваа криптовалута во вредност од речиси 30 милијарди долари.
Извор: Bizlife.rs