Главниот службеник за ризик и усогласеност во Ramp, Стивен Ајзенхауер, изјави за Irish Independent во интервју објавено во неделата, дека Ирска е прв избор за крипто фирмите, додека секторот чека регулаторна рамка за да ја надгледува индустријата.
„Градењето на доверба кај потрошувачите е клучно за нас, бидејќи во нашата индустрија довербата е нарушена“, рече тој, и додаде дека Ирска, и покрај нејзината големина, стана значаен играч со приближно 12 регистрирани даватели на услуги за виртуелни средства.
„Би проценил дека половина од крипто фирмите, кои сакаат да бидат основаат пред да стапи на сила MICA [Регулативата на ЕУ за пазарите на крипто средства], гледаат кон Ирска. Воглавно се работи за Ирска, Франција, помалку за Германија и можеби Белгија“, вели тој.
„Имаше сензационалистички приказни кои се одлични за документарните филмови на Нетфликс, но ние не планираме да бидеме една од нив“, додаде тој.
Ramp се задоволни од пристапот на Централната банка на Ирска кон крипто секторот
Ramp Network е британски финтек стартап кој се обидува да го премости јазот помеѓу крипто и фиат валутата. Неговиот глобален досег вклучува над 150 земји и територии, овозможувајќи им на корисниците да конвертираат валути, објави порталот Crypto news.
Исто така, овој стартап доби и ирска регистрација како давател на услуги за виртуелни средства, со воспоставување платежни системи во оваа држава. Според Ајзенхауер, изборот на Ирска како седиште на Ramp во ЕУ е поради изнаоѓање на вистински регулатори, а не за да се избегне регулаторен надзор.
Тој нагласи дека интеракциите со Централната банка на Ирска (CBI) биле позитивни, со одлична соработка и пријателски. Ајзенхауер ја истакна способноста на Централната банка да воспостави рамнотежа: Да биде достапна за бизнисот додека го одржува својот интегритет и независност, со што добивањето на регистрација изгледа сосема легитимно.
Тој истакна дека CBI традиционално се смета за поригорозна во споредба со другите регулаторни тела. Сепак, CBI направи напори да ангажира персонал со практично искуство во криптовалутите, што доведе до подобрување на разбирањето за крипто секторот од страна на CBI. За разлика од другите регулатори, тие ангажираа експерти кои ги разбираат нијансите на индустријата.
Ирска ја губи Web3 компанијата Circle бидејќи таа одлучи да се пресели во САД
Сепак, не сите компании во крипто секторот се задоволни со овој пристап. Во мај, извештаите открија дека издавачот на стабилни криптовалути Circle има намера да го пресели своето правно седиште од Ирска во САД. Портпаролот потврди за Cryptonews дека матичната компанија на Circle ја поднела потребната документација до Високиот суд на Република Ирска за релоцирање на компанијата во САД.
Ваквите случаи обично се ретки, бидејќи многу компании имаат тенденција да гравитираат кон Ирска поради нејзиното поволно деловно опкружување и ниските даноци. Нејзината корпоративна даночна стапка е само 12,5%, што е значително пониска од повеќето други европски земји.
Минатата година, крипто берзата Coinbase ја избра Ирска како своја база на операции во ЕУ согласно претстојните MiCA регулативи. Оваа одлука беше донесена под влијание на репутацијата на Ирска како пријателска земја за финтек бизниси и на нејзиното почитувано регулаторно тело.