Биткоини: 14 години подоцна! Што да очекуваме?

Во изминатите 20 години светот премина од една финансиска криза во друга. Додека централните банки ширум светот се обидуваа да ги решат овие растечки проблеми со печатење повеќе пари, далеку од очите на јавноста криптографите работеа на алтернативно решение.

bitkoin

Илустрација: Милица Мијајловиќ

Конечно, кога американскиот пазар на некретнини падна во 2008 година и го повлече светот во едногодишна рецесија, криптографите излегоа со нешто што го нарекоа криптовалута. Првиот од ваков вид беше наречен Bitcoin (BTC).

Оттогаш, криптовалутите го освоија светот создавајќи огромни можности за богатство, туркајќи нова технологија и нови парадигми за инвестирање. Следствено, некои преку ноќ станаа богати, додека други банкротираа, учејќи го светот на потешкиот начин за цикличната природа на цените на криптото.

Во текот на своето постоење, цената на биткоинот нагло порасна, но падна подеднакво брзо на цикличен начин. Веројатно, најголемата распродажба се случи кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, периодот што сега го паметиме како крипто зима.

Кратка историја на биткоинот

Идејата зад создавањето на BTC во 2009 година имплицираше дека новокреираната валута треба да биде алтернатива за фиат валутите (термин што се користи за означување на пари издадени од владите, како што е американскиот долар). Целиот систем се потпираше на „нова“ технологија наречена блокчејн, каде што сите трансакции беа евидентирани во книга што ја споделуваа сите учесници во мрежата. Ова овозможи неспоредлива безбедност, бидејќи книгата ги содржи сите идентитети анонимно преку кодот на паричникот, салдото на криптовалутите, како и сите трансакции извршени на мрежата.

Оваа книга се дистрибуира меѓу сите корисници, така што е распореден механизам за консензус за да се осигура безбедноста. BTC беше дизајниран со модел на недостиг – мнение дека само 21 милион единици од оваа валута ќе се создадат. Секоја трансакција беше потврдена со механизам за консензус со доказ за работа (PoW) и додадена во книгата со помош на т.н. крипто-рудари.

bitkoin

Source: Barrons 

Станува збор за компјутери чијашто компјутерска моќ беше позајмена на мрежата за да се пополнат криптографски хаш загатки. За нивните напори, крипто-рударите се наградени во биткоини. Наводно, BTC е создаден од мистериознниот човек наречен Satoshi Nakamoto, чиј вистински идентитет сè уште е непознат, иако неколку луѓе тврдат дека тие се Satoshi.

Имено, првата финансиска трансакција со BTC во реалниот свет вклучуваше трансфер на 10.000 BTC  за две пици во Pappa John’s со приближна вредност од 25 долари. Ова значи дека 1 BTC беше проценет на ¼ од цент. Откако BTC експлодираше со цената во следните години, обичајот да се прославува денот на пицата на секој 22 мај стана традиција за биткоин заедницата.

Дали биткоинот сè уште е добра инвестиција?

Во 2011 година, биткоинот за првпат го надмина износот од 1 долар, износот од 10.000 долари беше пробиен во ноември 2017 година, а потоа и од 20.000 долари во декември 2017 година. По овој инстантен пораст, целиот крипто пазар навлезе во една од бројните крипто зими, во кои цените „наглавачки“ се срушија и ја уништија побарувачката за крипто воопшто. Интересот околу BTC и криптото воопшто, повторно се зголеми за време на пандемијата Ковид-19, кога BTC го надмина својот претходен максимум од 20.000 долари во декември 2020 година, за да го допре своето ново највисоко ниво на сите времиња од 68.990 долари во ноември 2021 година.

Меѓутоа, војната во Украина ги зголеми цените на енергијата и предизвика огромен скок на инфлацијата во западниот свет. Ова ги поттикна централните банки, што е уште поважно, Федералните резерви (ФЕД) во САД, агресивно да ги зголемат стапките, што доведе до распродажба на ризичните средства и криптовалутите воопшто. Понатаму, оваа нова нестабилност предизвика колапс на алгоритамскиот стабилкоин Terra USD (UST), што дополнително ги потресе крипто-пазарите.

И покрај сета нестабилност во 2022-та и новата крипто-зима, биткоинот продолжува да биде едно од средствата со најдобри перформанси на долг рок, но исто така е еден од најнестабилните средства што создава пречки за нови инвеститори.

idni predviduvanja za bitkoin

BTC price predictions: Bitnation 

Кој поседува најмногу BTC?

Ходлери (Holders) е крипто термин кој означува луѓе кои ја поседуваат валутата и покрај нејзината нестабилност, и китови (whales), друг термин што означува инвеститори кои поседуваат голем број на одредено средство. Холдерите и китовите најдобро ги опишуваат термините кои се шират во светот на крипто. Од ноември 2022 година, софтверската компанија MicroStrategy со седиште во САД е најголемиот сопственик на BTC во светот меѓу корпорациите со јавно тргување. Компанијата поседува 130.000 BTC, според нејзиниот извештај за заработка во третиот квартал 2022 година.

Други значајни носители на BTC  го вклучуваат Satoshi Nakamoto, кој, според анегдотите, поседува 1 милион BTC. По Nakamoto е крипто берзата Binance, чиј паричник содржи приближно 252.597 BTC, што претставува 1,3% од циркулирачката понуда на BTC.

Добрите и лошите страни на BTC

Поседувањето на BTC сигурно има доста предности, бидејќи се’ повеќе бизниси и бизнис лидери воведуваат или планираат да воведат опции за трансакција со криптовалути. Овозможува можности за лесно прекугранично плаќање со исти трошоци за трансакции, без разлика дали се тие локални или меѓународни. BTC има голема ликвидност и ужива најголема популарност во светот на крипто, со двослоен безбедносен процес кој гарантира дека и понтаму ќе остане безбеден.

Од друга страна, BTC се смета за неефикасен затоа што повлекува систем заснован на заеднички договор кој вклучува споделување и потврдување на книги со записи (ledgers), што го прави бавен за малопродажни цели. Покрај тоа, BTC и криптото, генерално, се многу нестабилни, а недостатокот на владина регулатива го прави криптото отворено за измами и нелегални трансакции. Конечно, процесот на копање со кој се создаваат нови BTC е многу енергетски неефикасен; со сегашните цени на енергијата високи до небо, копањето станува прескапо.

Дали да купите BTC или друга криптовалута?

Криптовалутите се познати како нестабилни и постојат над 20.000 различни коини/токени; сепак, BTC е најпопуларен. Имајќи го ова предвид, BTC е тој што најчесто ги започнува немирите во крипто, и е првиот индикатор на опасност за други криптовалути. Поседувањето на BTC може да биде најбезбедниот облог за крипто воопшто, но инвеститорите треба да го разберат ризикот вклучен во поседување на BTC. Неодамнешниот пад на цената може да го направи BTC попривлечна инвестиција. Сè на сè, новите инвеститори во крипто би можеле да се одлучат за BTC како најбезбеден облог.

Иднината на биткоин

Иако е тешко да се предвиди со сигурност, но некои пазарни аналитичари со задоволство ги споделуваат своите ставови за цената на BTC и можноста таа да достигне стратосферски височини.

Предвидувања кои би можеле да бидат најблиску до нешто емпириско, се предвидувања засновани на машински алгоритми кои ги анализираат техничките показатели на графиконите низ текот на времето, како што се индексот на релативна сила (RSI), подвижните просеци (MA) и опсегот на Болингер (BB). Пристапот кој користи модели за машинско учење често има подобри резултати од класичните статистички методи со точност од 55%.

Потенцијалните инвеститори и BTC  ентузијасти треба да запомнат дека ниедно предвидување на цената не е совршено и никој нема кристална топка да им ја претскаже иднината. Кога инвестирате, предвидувањата за цените мора да се комбинираат со други финансиски совети, проценки на ризик, пазарни услови, сентименти и општи информации.

Се разбира, моделот на недостиг вграден во BTC би можел да ја зголеми цената до 1 милион долари, бројка која циркулира во круговите на различни аналитичари, но само времето ќе покаже што се крие во иднината на BTC и криптото.

Дино Курбеговиќ е проектен координатор, инвеститор и технолошки ентузијаст, кој долги години управува со комплексни проекти. Неговото патување во креирањето содржини започна во 2014 година, опфаќајќи теми од областа на финансиите, инвестициите, криптовалутите, технологијата и други сложени технички теми.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.