Во деветтата епизода на New Biz Podcast, Петар Тодоровски, од Neubase, ни открива како претприемачи, фриленсери и старт-апи од целиот свет можат да основаат компанија во САД и легално да работат на глобалниот пазар.
„Neubase е компанија специјализирана за формирање компании во САД, нудејќи целосна поддршка за претприемачи кои сакаат да започнат бизнис на американскиот пазар. Кога клиент ќе ни се обрати, ние ја основаме неговата компанија, завршуваме сè што е неопходно за нејзиното функционирање – од обезбедување даночен број до помош при аплицирање за банкарска сметка во онлајн банки, кои, за разлика од САД, сè уште не се достапни во Македонија.
Дополнително, се грижиме за целосната усогласеност со регулативите, овозможувајќи им на нашите клиенти да работат без грижа дали ги исполнуваат законските обврски – дури и оние за кои можеби не се свесни,“ објаснува Тодоровски.
Тодоровски, кој сам го поминал овој процес пред да ја основа Neubase, споделува лично искуство, практични совети и конкретни чекори – од правни регулативи и даночни обврски, до банкарски решенија и стратегии за долгорочен раст.
Како можеш да водиш бизнис во САД како нерезидент? Кои се индустриите или каков тип на бизниси најчесто ја бараат ова услуга, во која индустрија е најпопуларна? Зошто Вајоминг и Делавер се најчестите избори за регистрација на компании? Како финтек решенијата како Mercury и Brex ја менуваат играта? Погледнете ја целата епизода на YouTube и дознајте:
New Biz Podcast е проект во копродукција на webmind.mk и pari.com.mk поддржан од Sustain Media програмата на ГИЗ и има за цел да ги отвори темите поврзани со новите технологии како вештачката интелигенција, блокчејн, крипто, децентрализиран web 3.0, IoT и нивното влијание врз бизнисот.