Електрични автомобили
Да, токму тој сфати што ќе се случи, а на сопственикот на истоимената компанија и еден од денешните големи иноватори, Илон Маск, му беа потребни само 118 години да ги претвори предвидувањата на Тесла во реалност.
Во 1930 година, Никола Тесла конструирал мистериозен автомобил кој работел со помош на антена и две чудни метални прачки кои излегувале од „енергетскиот приемник“ поставен под контролната табла. Оригиналниот бензински мотор на автомобилот бил заменет со кружен, целосно затворен електричен мотор. Автомобилот бил тестиран една недела и без никаков напор достигнал брзина до 144 km/h. Автомобилот не испуштал издувни гасови, но по еднонеделно тестирање, мистериозниот „приемник“ бил отстранет и електричниот мотор заменет со оригиналниот бензински мотор. Гласините велат дека Westinghouse го испорачал експерименталниот мотор за автомобилот, додека Тесла го продал својот патент за претворувач на компанијата Westinghouse. Она што се случило потоа останува голема мистерија, но Тесла отсекогаш тврдел дека не нѝ требаат електрани и кабли, особено бензински мотори, пишува Espreso.
Извор: Unsplash / CHUTTERSNAP
WI-FI
Познато е дека Тесла бил поборник за безжичната технологија, на која многу работел, иако често наидувал на недоразбирање и отпор од научната заедница.
„Кога безжичниот пренос на електрична енергија ќе стане комерцијален, целосно ќе се смени начинот на транспорт и начинот на пренос на информации. На крајот на краиштата, веќе сме сведоци на пренос на слики на пократки растојанија. Пред 30 години не верувавме дека е можно такво нешто. Во иднина, самите принципи нема да се променат, само технологијата дополнително ќе се развива“, изјавил тој уште во 1926 година во едно интервју.
Паметни телефони
Тесла замислил безжичен уред кој ќе поддржува и телефонска технологија и ќе работи преку мрежа како Интернет. Неговиот опис на уредот од 1926 година звучи исто како паметен телефон:
„Кога безжичната технологија ќе се прошири, целата Земја ќе се претвори во еден „голем мозок“. Ќе можеме да комуницираме кога сакаме, без разлика на оддалеченоста. И не само тоа, туку со помош на телевизијата и телефонот ќе можеме совршено да се гледаме и слушаме, без разлика на оддалеченоста, која може да биде и неколку илјади километри, а инструментите кои ќе ни овозможат да го направиме тоа ќе бидат многу едноставни во споредба со денешните телефони. Човек ќе го носи телефонот во џеб“, изјавил Никола Тесла.
Безжичен пренос на енергија
Безжичниот пренос на електрична енергија во светот, за жал, сè уште е неостварен сон, но доколку Никола Тесла живееше во 21 век, тоа веќе ќе беше остварено. За да докаже дека овој концепт не е само утопија, Тесла започнал со изградба на т.н. кула Варденклиф.
Оваа кула била изградена за потенцијално изведување и подобрување на прекуокеанскиот пренос на енергија и прекуокеанската комуникација, а исто така била наменета да се користи за истражување на концептот на безжичен пренос на електрична енергија. Тесла верувал дека преку кулата безжично може да се пренесат неограничени количини електрична енергија на кое било место на планетата, без употреба на класични преносни средства како бакарни кабли, но до денес не е докажано дека е возможен таков пренос на електрична енергија.
Технологија на дронови
Тесла тврдел дека „воздушни бродови на електричен погон ќе превезуваат патници од Њујорк до Лондон за три часа“, патувајќи 13 километри над Земјата. Тој исто така тврдел дека овие бродови ќе црпат енергија од атмосферата и никогаш нема да имаат потреба од полнење гориво.
Извор: Freepik / diana.grytsku
„Воздушните бродови ќе бидат без пилоти и ќе се користат за транспорт на патници до одредени дестинации или за далечински контролирани воздушни напади“, рече тој. Многумина веруваат дека денешните дронови се базирани на оваа технологија на Тесла.
Летечки возила
Во 1911 година, во интервју за New York Herald, легендарниот пронаоѓач открил дека работи на авион што ќе ѝ пркоси на гравитацијата.
„Мојата машина нема да има ниту крила, ниту пропелери. Кога ќе ја видите на земја, нема ни да претпоставите дека се работи за авион. Сепак, ќе лета со брзина која досега не била постигната и ќе биде многу безбедна. Исто така, ќе може долго да левитира на своето место и покрај силниот ветер“, изјави Тесла.
Летечката машина на Тесла требало да се напојува со бесплатна енергија, за разлика од другите авиони кои ја црпат енергијата од нафта. Овој изум ја имал истата судбина како и неговиот проект за бесплатна електрична енергија.
Извор: Freepik
Во едно од неговите интервјуа, тој изјавил: „Го предвидувам развојот на летечката машина подолго од автомобилот и очекувам г-дин Форд да даде голем придонес во таа област. Ќе се реши проблемот со паркингот и изградбата на долги патишта“.
Магнетна резонанција (МРИ)
Во 1900 година Никола Тесла ја објавил врската помеѓу телото и електромагнетизмот, 50 години подоцна било утврдено дека телото репродуцира електромагнетни бранови, а 75 години потоа бил создаден целосно неинвазивен уред за магнетна резонанција преку кој со скенирање на телото, болестите може да се откријат во рана фаза и со тоа да се продолжи човечкиот живот.
Во далечната 1896 година, Тесла ја направил својата прва рендгенска снимка, која во тоа време се нарекувала „Х зрачење“, со што буквално направил нешто што се нарекува дијагностика на телото. Своите наоди му ги доставил на Вилхелм Рентген, кој продолжил да ги усовршува додека целосно не станале употребливи, а писмото во кое Рентген му се заблагодарува на Тесла датира од 1901 година, што е клучен доказ за нивната соработка.
Жените и власта
Друга работа што Тесла ја предвидел во истото интервју е дека мажите ќе станат инфериорни во однос на жените.
„Оваа борба за родова еднаквост ќе заврши со нов поредок во кој жените ќе бидат супериорни. Оваа еднаквост, а подоцна и супериорност, нема да се постигне преку плитка физичка имитација, туку преку будење на женскиот интелект“, рекол Тесла.