Одењето кај терапевт се наметнува како логично решение, но најновиот извештај на Eurofound донесува отрежнувачка вистина: за многумина менталното здравје стана недостижен луксуз.
Статистиката покажува дека десет приватни сесии кај психотерапевт, кои често се минимум за каков било напредок, во одредени земји може да „изедат“ цела месечна минимална плата, па дури и повеќе од тоа.
Каде е терапијата најскапа?
Кога ќе се споредат цените на сесиите со платите, сликата за Европа станува многу нерамномерна:
- Екстремни случаи (Романија и Грција): Во Романија 10 сесии можат да чинат и до два и пол пати повеќе од минималната плата. Слично е и во Грција, каде овој трошок изнесува околу 170% од минималецот.
- Парадоксот на Германија: Иако е економски лидер, приватното осигурување во Германија често не покрива психотерапија, а една сесија чини меѓу 100 и 150 евра. За работник на минималец, десет термини значат заминување на две третини од платата.
- Примери за добра практика (Ирска и Франција): Ирска се издвојува како една од најпристапните земји – 10 сесии таму изнесуваат околу една третина од минималната плата. Во Франција, системот на јавно здравство рефундира до 60% од трошоците, што ја прави терапијата достапна за широк круг луѓе.
Кои се „најзагрозените“ професии?
Извештајот јасно ги мапира секторите во кои емоционалната исцрпеност стана секојдневие. На врвот на листата се:
- Здравство и социјална работа (24,5%)
- Угостителство и туризам (23%)
- Образование (20%)
Интересно е што најниски стапки на ризик од согорување се забележани во ИТ секторот (13,1%) и јавната администрација, каде што условите за работа се очигледно постабилни, а притисокот од директен контакт со луѓе е помал.
На крајот на денот, прашањето не е само дали вработените сакаат да побараат помош, туку дали можат да си го дозволат тоа. Ако терапијата чини повеќе од платата, burnout станува неизбежна ставка во годишниот биланс на секоја компанија.
Извор: bizlife.rs