Објавена листата на 100 најдобри филмови на 21. век

Угледниот американски весник The New York Times ја објави својата официјална листа на 100 најдобри филмови на 21. век, составена врз основа на анкета во која учествувале повеќе од 500 влијателни филмски автори, актери и критичари од целиот свет.

filmovi-5036-fi

Извор: Unsplash

Секој од учесниците ги избирал своите фаворити меѓу филмовите објавени по 1 јануари 2000 година, а резултатот е листа што претставува пресек на современата кинематографија.

Јужнокорејски филм и понатаму воодушевува

На самиот врв на ранг-листата се најде јужнокорејскиот филм Parasite на режисерот Bong Joon-ho дело што ја одбележа последната деценија и остави силен печат со својата остра општествена критика и беспрекорна режија. Филмот веќе влезе во историјата како прв наслов надвор од англиското говорно подрачје што освои Оскар за најдобар филм.

Веднаш зад него следи култниот Mulholland Drive на David Lynch, мрачен и загатлив филм што и денес се толкува на безброј начини. Третото место ѝ припадна на драмата There Will Be Blood, со една од најмоќните улоги на Daniel Day-Lewis, филм што ја редефинираше модерната американска епика.

Во самиот врв на листата се најдоа и поетичниот In the Mood for Love на Wong Kar-wai, како и Moonlight кој е емотивна приказна за идентитетот, растењето и потрагата по сопственото место во светот, која исто така ја освои наградата Оскар за најдобар филм.

Она што ја прави оваа листа особено интересна е нејзината разновидност. Таа опфаќа филмови од различни жанрови, естетики и култури – од холивудски блокбастери до интимни авторски остварувања од Азија, Европа и Латинска Америка. Со овој избор, The New York Times не само што ги издвојува највлијателните филмови од последните 25 години, туку и потврдува колку современата кинематографија станала глобална и разнолика.

Комплетната листа веќе предизвика бројни дебати меѓу филмофилите ширум светот, но едно е сигурно – станува збор за избор што уште долго ќе служи како водич за сите што сакаат да ги разберат и истражат најважните филмски приказни на 21. век.

Извор: bzilife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.