Предлогот го поднесе градоначалникот Зоран Јанковиќ, а мерката стапува на сила веднаш, со што од улиците на словенечката престолнина се отстрануваат и популарните трубачи.
Расправа беше покрената по прашањето на советничката од СДС, Маруша Бабник, која оцени дека градот за време на празниците недоволно ја негува сопствената традиција и дека се фаворизира балканска музика која, според неа, нема врска со словенечкиот културен идентитет.
Од Туризам Љубљана порачуваат дека празничната програма е богата со содржини од словенечката традиција, но дека уличните музичари не се дел од официјалните декемвриски настани.
По расправата, Јанковиќ веднаш покрена гласање, а одлуката беше усвоена со 25 гласа „за“ и шест „против“. Градоначалникот појасни дека забраната подразбира целосна забрана на уличните настапи, додавајќи дека градскиот инспекторат веќе изрекол казни на поединечни музичари.
Одлуката предизвика критики од дел од опозицијата, која тврди дека станува збор за нетолерантен потег и правно спорна одлука, додека градоначалникот ги отфрла тие обвинувања и наведува дека забраната е во согласност со важечките прописи.
Извор: bizlife.rs