Како да ја вратите контролата кога сè ви изгледа невозможно

Понекогаш ви се чини дека работите ви излегуваат од контрола, и покрај целиот труд и вложена енергија – ништо не оди како што треба, а не знаете зошто. Или, сè се движи во ред, сè додека ненадејно не се случи нешто неочекувано што го нарушува целиот тек.

kontrola-4670-fi

Извор: The Vault Stock

Во вакви ситуации, многумина паѓаат во безнадежност. Почнуваат да веруваат дека ништо не зависи од нив, дека се беспомошни и целосно забораваат дека, иако не сè е во нивни раце, сепак и не е сè надвор од нивна контрола.

Како да си ја вратите контролата врз себе и своите избори

Еден од главните причини зошто се чувствуваме немоќно е тоа што не правиме јасна разлика помеѓу:

  • она што го контролираме,
  • она врз што имаме влијание, и
  • она што целосно е надвор од наша моќ.

Таа разлика е суштинска. Од неа започнува чувството на мир и внатрешна сила. Кога ќе почнете да вложувате енергија таму каде што навистина имате влијание, полека ќе го вратите и чувството на сигурност. Овој метод во три чекори ќе ви помогне да сфатите каде вреди да вложувате време, а што да оставите.

Чекор 1: Анализирајте ја ситуацијата

Изберете една ситуација што ве загрижува и запишете ја. Што точно ве мачи? Како се чувствувате? Кои луѓе се вклучени? Што ви пречи да ја решите? Направете преглед на целата слика од различни перспективи.

Чекор 2: Дефинирајте ја вашата зона на моќ

Потоа, нацртајте три колони:

  • Колона 1: Што можете да контролирате?
    Вашите мисли, однесување, одлуки, ставови, распоред на време итн.
  • Колона 2: На што можете да влијаете?
    Комуникација со други, меѓучовечки односи, атмосфера на работа или дома…
  • Колона 3: Што е целосно надвор од вашата контрола?
    Туѓи одлуки, нивните реакции, политичка ситуација, временски услови…

На пример, ако имате проблем со колега, не можете да го натерате да ве разбере (третата колона). Но, можете да одлучите како ќе комуницирате, дали ќе поставите граници, и како ќе ги интерпретирате неговите зборови (прва и втора колона).

Овој чекор ве насочува каде навистина има смисла да вложите напор.

Чекор 3: Пренасочете ги мислите

Откако ќе ја сфатите вашата зона на моќ, следниот важен чекор е свесно да одлучите каде ја трошите својата енергија.
Размислувањето за нешта што не можете да ги промените е само губење време и нерви. Наместо тоа, прашајте се:

„Што можам јас да направам, без разлика на сè? Што зависи од мене?“

Со ова прашање ќе останете фокусирани на она што е во ваш ранг на влијание, и полесно ќе забележувате решенија наместо проблеми. Ќе го тренирате мозокот да не се задржува на немоќ, туку да бара опции и нови можности.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.