Заокружи и пребарај во Палацо Векио
На кого му треба водич кога имаш Samsung Galaxy Z Fold 5. За почеток, да зборуваме за функцијата „пребарување со заокружување“ (Circle to Search) – толку е едноставна и магична речиси како самата Фиренца. Влегуваш во „Сала на петстотини“ во Палацо Векио и не знаеш каде побрзо да ја насочиш камерата. Со проширениот екран на Z Fold 5, оваа функција изгледа како да е создадена специјално за овој уред. Вртам камера кон статуата во централната ниша на југ, цртам круг на екранот и воа-ла! Информациите се појавуваат веднаш.
„Гениј на победата од Микеланџело, мермерна група првично наменета за гробот на Јулиј II. Статуата во оваа сала ја поставил Вазари. Во 1868 година била отстранета и однесена во музејот Барџело, но била вратена во 1921 година.“
Фасцинантно нели?! Без разлика дали станува збор за знаменитост низ градот, уметничко дело или случаен текст, оваа функција го претвори мојот уред во централа за информации.
Џебен преведувач
Освен туристичкиот водич, Samsung Galaxy Z Fold 5 со новото ажурирање го пензионираше и преведувачот. Ресторанот Меркурио во близина на катедралата Дуомо во Милано има мени и на англиски и на италијански, погодете на кого му се падна италијанското?! Секако, Galaxy AI e тука да скенира и преведе, па и да ми помогне да се разберам со келнерот околу нарачката.
Го тестирав и снимачот на глас кој може да создаде транскрипции на снимки, а потоа да го преведе текстот. Обидувајќи се да платам паркинг на паркомат околу Сан Сиро, налетав на една постара италијанска госпоѓа која зборуваше само италијански, но надолго и нашироко се обидуваше да ми објасни нешто. Samsung Galaxy Z Fold 5 ја сними, транскрибираше и ми преведе дека паркинг се плаќа само кога се играат натпревари, останатите денови е бесплатно. Функцијата, иако со грешки, функционира добро, ми заштеди неколку евра.
Планирање доведено до совршенство
За да испланирате динамично патување во кое секој миг ќе биде максимално искористен, потребен ви е моќен асистент, AI асистент. Samsung Notes со AI способности е алатка за максимизирање на ефикасноста и продуктивноста. Внесувате информации за траект, адреси на неколку хотели, билети, резервации, знаменитости кои треба да се видат, специјалитети што треба да се пробаат, локации каде има најдобро џелато, каде највкусна панцерота, а Samsung Notes има способност автоматски да форматира, резимира и дури проверува правопис. Искомбиниран со суптилните измени во тастатурата, едноставно куцкањето станува пишување поезија.
Личен фотограф со непогрешлива естетика
Е, тоа е Galaxy AI Image Editor кој е незаменлив, ако сакате да се вратите од патување со куп фотки и видео материјал и незаборавни спомени.
Image Editor е функција која комплетно го промени начинот на кој уредувам фотографии. Од отстранување на непосакувани минувачи додека се обидувам да ја доловам убавината на Duomo Terraces до менување на аглите на фотографиите, вештачката интелигенција управува со комплексни уредувања кои порано бараа професионален софтвер. Како да имам експерт за Photoshop вграден во мојот телефон.
Edit Suggestion функцијата предлага различни корекции како што се отстранување на сенките или рефлексиите од снимените фотографии, менување или заматување на заднината во портретите, или нивно преправање со подобрени детали и бои.
Друга интересна функција е можноста за креирање забавено видео во галеријата или Instant Slow-mo. Ова е многу лесно, треба да го држите прстот на избраниот клип и системот веднаш ќе создаде AI рамки со вештачка интелигенција, за да ја забави сликата и да обезбеди флуидно движење. Испробано во Градините Боболи, видеото е магично.
Веќе не станува збор само за тоа дека сум вљубена во големиот преклоплив екран. Samsung навистина се надмина себеси, претворајќи го Z Fold 5 не само во уред, туку во динамичен сопатник на туристичките авантури кој помага, забавува и инспирира.
Време е да се испланира следното патување!