Дали производителот на гумени бонбони случајно го направи најлесниот power bank во светот?

Во свет во кој границите меѓу брендовите и производите стануваат сѐ понејасни, еден необичен гаџет го привлече вниманието на потрошувачите – power bank во форма на HARIBO гумено мече. На прв поглед звучи како шега или симпатичен маркетиншки трик, но овој уред навистина постои, функционира и, што е уште поинтересно корисниците го пофалуваат како исклучително сигурен извор на енергија.

haribo-4577-fi

Извор: Freepik

Како дојде до тоа еден култен слаткиш, симбол на детството и хедонизмот, да си најде место и во доменот на технологијата? Одговорот се крие во глобалниот тренд на “brand cross-over” производи, каде големи компании и дизајнери експериментираат со препознатливи форми и емоции што ги будат кај публиката.На HARIBO гумените мечиња не им требаше многу, нивната форма е универзално препознатлива, буди носталгија и носи елемент на забава и разиграност.

Брз, лесен, практичен

Резултатот? Power bank што изгледа како џиновска гумена бонбона, но во себе крие моќна батерија од неколку илјади милиампер-часови. Освен слаткиот дизајн, корисничките рецензии нагласуваат дека се работи за уред кој „не само што изгледа одлично на маса или во чанта, туку и навистина ја завршува работата“, односно брзо полни телефони, издржлив е и лесен за користење.

За HARIBO, ова е уште еден пример како брендот успева да остане релевантен и кај возрасната публика, и тоа не само преку слатки, туку и преку навлегување во lifestyle и tech сегментот. За технолошките компании, пак, ваквиот потег покажува дека емоцијата и дизајнот можат да бидат исто толку важни колку и техничките спецификации.

Во ера кога потрошувачите сѐ почесто избираат производи што „раскажуваат приказна“, HARIBO power bank стана пример за успешна комбинација на носталгија, функционалност и бизнис иновација.

Најлесниот досега произведен power bank

Се вели дека ова е најлесниот досега произведен power bank со капацитет од 20.000 mAh, со вграден USB-C кабел во стил на гумено мече и моментално е апсолутен хит во светот на ултра-лесното планинарење. Спецификациите велат дека тежи 300 грама, а во свет каде што се брои секој грам и тоа е навистина голема работа.

Културата на ултра-лесно планинарење може да звучи чудно за оние кои не се навлезени во неа. Повеќето луѓе не мерат баш секое парче опрема за викенд во планина. Но ако минувате повеќе од 15 километри дневно, особено по планински терен, почнувате да размислувате за сѐ што можете да извадите од ранците, бидејќи и само еден или два килограми помалку прават огромна разлика.
„Идеалната“ основна тежина за ултра-лесни планинари е под 4,5 килограми, иако до 9 килограми се смета за прифатливо. Ако пешачите стотици километри, секој грам е важен.

Затоа и не е изненадување што токму оваа заедница прва го прифати новиот, малку бизарен, свет на полнење преку гумено мече. HARIBO линијата покрај power bank-от, вклучува и глувче, ѕиден полнач, безжични слушалки, кабли и безжичен power bank.

Но има еден трик:

Power bank-от не може да се полни преку вградениот кабел во форма на мече, па ќе мора да понесете и обичен USB-C кабел.

Извор: bizlife.rs  

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.