хороскопски знаци

Повеќе

Договорот е во 19 часот, а во 19:05 пристигнува порака: „Еве ме за пет минути.“ Секако, тие пет минути често се претвораат во уште петнаесет или дваесет. Според астролошките стереотипи, одредени хороскопски знаци имаат посебен талент да го изгубат чувството за време, да ги преценат своите организациски способности или едноставно да поверуваат дека можат да завршат уште нешто пред да тргнат.
По интензивниот период на затемнувања, оваа недела носи помирна енергија и простор да согледаме што се променило и каде сакаме да продолжиме понатаму. Сонцето и Меркур се во Девица, Венера е во Вага, а Марс во Рак, па фокусот е на практични одлуки, односи и емоционална рамнотежа.
Последната недела од август се одвива под доминантна земјена енергија. Сезоната на Девицата започна на 23 август, а на 25 август и Меркур преминува во знакот Девица, со кој владее. Организираноста и стабилноста ќе ни помогнат подготвени да дочекаме уште една еклипса.
Летото 2026 година носи спој на енергијата од минатото и иднината, период во кој многумина ќе балансираат меѓу затворањето на старите поглавја и желбата за нови животни приказни. Наредните месеци ќе бидат многу повеќе од обична сезона за одмор, носејќи значајни планетарни транзити и енергетски промени за секој знак.
Неделата од 23 до 29 мај носи помирна, но многу појасна енергија. По турбулентните астролошки промени во изминатиот период, сега работите почнуваат да си доаѓаат на место. Сонцето и Меркур во Близнаци носат динамика, комуникација, нови идеи и многу движење, па многумина ќе бидат во „мултитаскинг“ режим и постојано меѓу повеќе планови, разговори и одлуки.
Третата декада на мај изобилува со низа транзити кои го поставуваат тонот за оваа недела. Веќе на самиот почеток на неделата, на 17 мај, Меркур уште еднаш го менува знакот и преминува во Близнаци, чиј владетел е. Веќе на 18 мај Марс влегува во стабилниот знак Бик, додека Венера преминува во Рак на 19 мај. Сонцето влегува во Близнаци на 21 мај, отворајќи ја сезоната на родендени на овој воздушен знак и внесувајќи повеќе динамика во сите животни области.
All articles loaded
No more articles to load