Сезоната на Ракот е во полн ек, а Меркур е ретрограден, исто така во знакот на Рак. Марс во текот на целиот јули престојува во Близнаци, а на 9 јули Венера од огнен Лав преминува во земјена Девица. Стануваме попрактични и во љубовта и во работата, но претпазливоста сè уште е неопходна.