Со години ни се продава идејата дека големата љубов мора да биде потресна, интензивна, речиси разорна дури и кога ја преминува границата на здравото. Филмот и телевизијата предничат во тоа: дисфункцијата често се поставува во центарот на приказната, а „хемијата“ се мери со количината на драма. И колку и да знаеме дека таквите врски во реалниот живот не водат до ништо добро, постои нешто неодоливо во нивното набљудување од безбедна дистанца. Токсичните филмски врски нè фасцинираат, нè наведуваат на фантазирање и целосно ги обожаваме.