Електронскиот отпад или е-отпадот денес е еден од најголемите еколошки проблеми во светот, за кој експертите и меѓународните организации предупредуваат со години, додека конкретни резултати и понатаму недостигаат. Под е-отпад се подразбираат сите отфрлени електрични и електронски уреди кои имаат батерија или приклучок за струја и содржат опасни материи како жива, олово и кадмиум.