Цел на напаѓачите е сè почесто оперативниот систем Windows каде ги користат ранливите драјвери, велат експертите од компанијата Kaspersky. Во вториот квартал од 2024 година, бројот на системи нападнати со оваа техника се зголемил за скоро 23% во споредба со првиот квартал. Ранливите драјвери можат да бидат употребени за широк спектар на напади, вклучувајќи рансомвер и напредни трајни закани (APT).