Со напредокот на вештачката интелигенција, сѐ почесто се отвора прашањето какво ќе биде нејзиното влијание врз професијат – агент за недвижности. Сѐ поголем е бројот на алатки и дигитални агенции кои тврдат дека целиот процес на купопродажба може да се спроведе со минимално вклучување на човекот. Сепак, за многумина купувањето, продавањето или изнајмувањето недвижност претставува исклучително стресна и една од најважните животни одлуки. Тоа вклучува силни емоции, значителни финансиски средства, банкарски кредити, како и сложена правна документација.