Moby на социјалните мрежи објави видео во кое прикажува како навистина изгледа вистинскиот живот на една светска ѕвезда. Имено, Moby сезоната на овогодинешните концерти ја започна со настапи на престижниот фестивал Coachella, на кој воодушеви десетици илјади фанови. По фестивалот, Moby се врати на нормалниот живот и денот го помина чистејќи ја куќата, пофалувајќи се: „Растев помагајќи ѝ на мама додека чистеше куќи кај други луѓе. Навистина сум добар во чистење!“.