Голем број фишинг е-пораки секојдневно стигнуваат до корисниците. Иако најчесто завршуваат во спам-папката, бидејќи денешните безбедносни системи лесно ги препознаваат и ги пренасочуваат во несакана пошта (понекогаш заедно и со некоја легитимна порака), голем број успеваат да ги измамат корисниците и да ги наведат да отворат линкови што ги содржат, а потоа да ги внесат своите приватни податоци.