Кога на 18 август 1995 година пристигна во кината, „Mortal Kombat“ немаше особено наклонети критичари на своја страна. Публиката, сепак, имаше поинаков одговор. Филмот заработи повеќе од 122 милиони долари ширум светот, стана една од најуспешните адаптации на видеоигри во тоа време, а години подоцна доби и статус на култно остварување.