YouTube Premium Lite, попристапна верзија на популарната претплата YouTube Premium, станува достапна за сè поголем број корисници ширум светот. Оваа опција, која овозможува гледање видеа без реклами по пониска цена, отсега им е достапна и на корисниците во Мексико, Аргентина, Бразил, Канада и Обединетото Кралство.