Процесот на транзиција на Wannabe магазинот и официјално е завршен, со што сите три портали од Wannabe платформата целосно преминаа под управување на тимовите на медиумската групација Digital Life, дел од Represent System. Со ова се продолжува понатамошниот развој на еден од најпрепознатливите дигитални медиуми, со јасен фокус на современи приказни, трендови, култура, мода, лајфстајл и актуелни општествени случувања.