Минатата недела бевме присутни на конференцијата посветена за UX/UI дизајн – Uxplore. Како што очекувавме истата имаше несомнено впечатлив почеток – првата сесија „Дизајн како бизнис стратегија“ донесе конкретни увиди, практични совети и ретка можност да се слушне како работи тим од врвни дизајнери со глобално искуство. Презентерот Ристе Лазороски, Senior UX/UI Designer во Ubiquiti Inc., го отвори настанот со приказна што покажува зошто UX денес е многу повеќе од само убав интерфејс.