Способноста на новите модели на вештачка интелигенција ќе ја надмине човечката интелигенција до крајот на следната година, под услов снабдувањето со електрична енергија и хардверот да ги задоволат барањата на сè помоќната технологија. „Моја претпоставка е дека ќе имаме вештачка интелигенција која е попаметна од кој било човек, веројатно некаде на крајот на следната година“, рече милијардерот претприемач, кој раководи со Tesla, X и SpaceX.