DALL·E 3, интегрирана во ChatGPT, и Freepik Picasso AI се две широко достапни и популарни алатки за генерирање слики со помош на вештачка интелигенција. Иако на пазарот постојат и други, технички понапредни решенија, се фокусиравме на овие две бидејќи се едноставни за користење и практични за комерцијална употреба. Ги тестиравме со идентичен опис (prompt) за да ја споредиме нивната креативност, реализам и корисничко искуство.