Apple се извини и призна дека „ја промашиле целта“ со својата најнова реклама за iPad Pro. Видеото, објавено на социјалните мрежи од страна на извршниот директор на компанијата Тим Кук, предизвика бурни реакции кај корисниците кои сметаат дека рекламата го слави уништувањето на човечката креативност и уметност од страна на технологијата.