Иако на прв поглед изгледа дека во онлајн просторот нема граници и дека светот ни е на дофат, во одредени ситуации реалноста е поинаква. Да земеме за пример електронската трговија, на која сè повеќе се насочуваме за да заштедиме време, но и пари.
Во теорија – процесот на било која е-куповина е прилично едноставен, брз и исплатлив. Меѓутоа, се поставува прашањето дали тоа е навистина така и во пракса – барем кога ќе ја погледнеме ситуацијата во нашето опкружување во однос на прекуграничната интернет трговија.
Одговорот е – не, а еден од проблемите е геоблокирањето, сме се соочиле барем еднаш.