Крајот на годината традиционално е период кога компаниите интензивно ги преиспитуваат своите резултати. Kомпаниите брзаат да ги „исполнат KPI-тата“, односно да покажат дека целите (вклучувајќи и employee engagement) формално се постигнати често без вистинска суштина зад тоа, се анализираат бројки и извештаи, а меѓу целите што често доаѓаат на ред во последен момент е и мерењето на ангажираноста на вработените. Во такви ситуации, организациите најчесто посегнуваат по веќе подготвени анкети, со стандардни прашања и уште еден линк што вработените треба да го пополнат.