AI Tech Summit Skopje 2025 продолжи со панел што ја размрда публиката – презентацијата на Виктор Сушелски, инженер за автоматизација и консултант за системи со повеќе агенти. Тој се претстави како човек кој „доаѓа од иднината“ и ја понесе публиката во приказна за тоа што нè чека во следната фаза на технолошката еволуција.