Во светот на модерните врски, каде што многумина се плашат од врзување и долгорочни обврски, сè повеќе луѓе бараат начини да ги заштитат своето време, енергија и емоции. Токму затоа вниманието го привлекува таканаречената „клаузула за зајдисонце“ (sunset clause), тренд во дејтингот кој ги поттикнува партнерите однапред да го дефинираат моментот кога ќе проценат дали нивната врска има иднина.