Судоку се смета за вистинска вежба за мозокот. Со малку трпение и логичко размислување, обично секој може да го реши. Но, што се случува кога истиот проблем ќе му се постави на вештачката интелигенција? Токму тоа го истражуваа научници од Универзитетот Колорадо во Болдер, САД, кои објавија доста изненадувачки резултати.