Многумина љубители на цвеќиња веруваат дека повременото изнесување на саксиите на летен дожд може да ги освежи растенијата, но дали е тоа навистина добра идеја? Собните растенија со текот на времето собираат прашина на листовите, додека во земјата можат да се наталожат минерални наслаги од секојдневното заливање. Поради тоа, често се слуша советот дека за време на топлите летни денови треба да се изнесат надвор за дождот природно да ги исчисти и освежи.