Ако терминот „матресценција“ ви личи на „адолесценција“, целосно сте во право. Се работи за преодна, развојна фаза низ која веќе сте поминале кога сте родиле бебе. Иако го опишува универзалното искуство на младите мајки кои се борат да се снајдат во новата (до)животна улога, матресценцијата сè уште не е вклучена во речниците.