перфекционизам

Повеќе

Многу луѓе имаат изразени перфекционистички црти и се гордеат со нив, но постои клучна разлика меѓу перфекционизмот и здравата тежнеж кон успехот. Да се биде насочен кон постигнувања, а не кон совршенство, е многу подобро за менталното здравје и квалитетот на животот. Ако препознавате такви склоности кај себе, важно е да пронајдете стратегии со кои ќе ги надминете, бидејќи перфекционизмот може да го наруши внатрешниот мир, самодовербата и да ви го одзеде задоволството во секојдневниот живот.
На прв поглед, перфекционизмот делува како квалитет особина вредна за пофалба која нè мотивира да се усовршуваме и да напредуваме. Луѓето кои имаат високи стандарди главно добиваат пофалби поради својата посветеност, дисциплина и амбиција. Меѓутоа, она што изгледа како стремеж кон најдобрата верзија од себе станува непрекинат притисок кој носи исцрпеност и чувство дека ништо никогаш не е доволно добро. Во таа смисла, отпуштањето на перфекционизмот претставува токму ослободување од притисокот и прифаќање на поопуштен пристап.
All articles loaded
No more articles to load