Социјалните мрежи денес имаат огромно влијание – од создавање трендови до оформување навики и вкусови кај потрошувачите. Ова најмногу се забележува во светот на парфемите, каде мирисите што стануваат хит на TikTok или Instagram често се распродаваат во рекордно кратко време.